24фудбал

Сколари нема да си поднесе оставка, ќе чека отказ од федерацијата

И покрај дебаклот кој го доживеа на светското првенство, селекторот на Бразил, Сколари одбива да зборува за својата иднина која вели дека е во рацете на претседателот на федерацијата.

СП 2014

По историскиот пораз од 7-1 од Германија, синоќа следуваше нов удар за Бразил, овој пат загубен беше натпреварот за третото место со убедливи 3-0.

Десет примени гола за два натпревари е премногу, но Луис Фелипе Сколари не размислува за оставка.

„Претседателот е тој што ќе треба да одлучи. Ние ќе му го поднесеме финалниот извештај и потоа ќе остане на него да го проанализира и да реши што треба да се направи" - изјави Сколари.

„Не сакам да дискутирам за мојата иднина со вас".

„Мораме да им честитаме на нашите фудбалери и покрај лошиот крај на турнирот. Не одигравме лошо на последниот натпревар".

„Бев селектор на три светски првенства и секогаш завршувавме помеѓу првите четири".

„Знам дека поразот од 7-1 е најголем во историјата. Но можам да видам позитивни работи споредено со 2006 и 2010".

„Кога тим ќе прими седум и потоа ќе прими гол за две минути на следниот натпревар, тоа ви ја менува перспективата".

„Оваа генерација не треба да стравува. Бевме меѓу четирите најдобри на ова светско првенство и минатата година го освоивме Купот на Конфедерации".