24фудбал

Нејмар: Старт каков што само можев да посакам

Ѕвездата на бразилската репрезентација, Нејмар е задоволен од стартот на бразилската репрезентација и неговиот настап зачинет со два гола.

СП 2014

Нејмар со два постигнати гола беше ѕвездата на бразилската репрезентација во воведниот натпревар од светското првенство кој Бразил го доби против Хрватска со 3-1.

Тој не го крие задоволството од одличниот старт за него и неговата селекција.

„Ова беше натпревар каков што само можев да замислам. Сакав да победиме. И да се започне светското првенство со два постигнати гола, навистина ме прави среќен" - изјави Нејмар по натпреварот.

„Ако ги видите головите, и двата беа помалку чудни. Навистина мислев да ја шутнам топката помеѓу нозете на дефанзивецот, но не планирав шутот да биде толку слаб колку што беше. Но најважно топката влезе во голот".

„Како можев да бидам смирен на пеналот? Со многу тренинг. Ја шутнав топката силно, нивниот голман малку ме исплаши, но топката влезе".

Нејмар заработи жолт картон по удар со лакт врз Модриќ, Бразилецот вели дека нема да се штеди поради тоа во следните натпревари.

„Ќе играм природно. Нема да размислувам на тоа. Тоа би било најлошо".

„Тешко е кога ќе добиете жолт картон уште на првиот натпревар. Го удрив Модриќ со лактот и сакам да му се извинам бидејќи не видов дека тој беше таму".