24фудбал

Сколари: Ова е наше светско првенство

Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари вели дека неговите фудбалери се подготвени да ги поминат седумте чекори и да дојдат до големиот трофеј на Мундијалот.

СП 2014

Вечерва започнува најголемиот настан во светот, светското фудбалско првенство кое оваа година се одржува во Бразил.

Бразилците имаат одличен тим и според сите параметри тие се најголемиот фаворит за освојување на трофејот.

„На сите Бразилци сакам да им кажам, дојде моментот, ова е наше светско првенство" - вели Сколари.

„Има седум чекори. Треба да ги поминеме сите тие седум чекори, но на почетокот треба да мислиме на првиот. Не меме да прескокнуваме".

„Првиот чекор е Хрватска. Потоа ќе ни останат уште шест".

Пред стартот на првенството Сколари го погоди тажна вест, во сообраќајна несреќа загина неговиот 48-годишен внук.

„Понекогаш треба да се справиме со некои потешкотии, но треба да се обидете да го продолжите животот понатаму".