24фудбал

Нејмар: Сакам да бидам светски шампион а не најдобар играч на мундијалот

Ѕвездата на ’Кариоките’, Нејмар го става тимскиот успех пред индивидуалниот и вели дека приоритет му е триумф на светското првенство

СП 2014

Напаѓачот вчера се појави на прес конференција во пресрет на воведниот натпревар на мундијалот помеѓу домаќинот Бразил и Хрватска.

„Дојде моментот што го чекаа сите Бразилци” – рече Нејмар. „Дојде моментот што го чекаше целиот свет. Се надевам дека овој ден ќе помине многу брзо”.

„Малку сум нервозен но и екстремно среќен што се наоѓам тука, сигурен сум дека многу луѓе би сакале да бидат на моето место”.

„Добив пораки од пријателите кои ми кажаа дека не само што го живеам мојот сон, туку и нивниот”.

„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на мојот тим да го оствариме сонот на играчите и сите Бразилци, односно да триумфираме на светското првенство”.

Многумина очекуваат 22 годишниот Нејмар, кој утре ќе го одигра 50. натпревар во дресот на ’Кариоките’, да биде главна ѕвезда на мундијалот.

Но за играчот не се битни личните достигнувања, Нејмар е заинтересиран само за успехот на репрезентацијата.

„Не играм сам, ниту еден играч не игра сам”.

„Не сакам да бидам најдобар играч на мундијалот. Ниту пак да бидам најдобар стрелец”.

„Сакам само да станам светски шампион. Целта е да бидам шампион со мојот тим”.

Нејмар исто така вели дека фановите треба да бидат 12. играч на Бразил и да дадат свој допринос на натпреварите.

„Очекувам многу од публиката, тие се 12. играч и можеби најважниот. Доколку фановите се 100% зад нас, на противниците ќе им биде тешко да го победат Бразил”.


Комерцијален текст: