Дибала ја зема „десетката“ на Меси и веднаш даде гол за Аргентина во убедлив триумф над Чиле (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аргентина со 3-0 го победи Чиле во седмото коло од квалификациите за Светското првенство, еден од стрелците беше Паоло Дибала.

Лео Меси поради повреда не играше на овој натпревар, па Дибала го доби дресот со бројот 10.

Во првото полувреме немаше погодоци, отпорот на Чиле беше скршен по три минути игра во вториот дел кога Мекалистер погоди за водство од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 84. минута кога Алварез зголеми на 2-0 и веќе го реши прашањето за победникот.

Точка на мечот стави Паоло Дибала со гол во 91. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани