24фудбал

Младите загубија од Шведска, згаснаа шансите за Европско првенство

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го загуби квалификацискиот меч против Шведска со што и теоретски ги загуби шансите за место на Европското првенство 2025 година.

Македонија

Шведска која беше голем фаворит ја имаше доминацијата во текот на мечот, но Македонија одлично се бранеше во првото полувреме.

По две минути игра во вториот дел се случи клучниот момент кога Михаил Димитриевски доби црвен картон. Македонија остана со играч помалку, а Шведска знаеше како да го казни тоа.

Десетина минути подоцна Шведска поведе со гол на Росенгар, а во судиското продолжение Вилхелмсон погоди за конечни 2-0.

Во следните два квалификациски меча Македонија гостува, во септември, прво кај Холандија, па кај Гибралтар.

По шест одиграни кола Македонија е на петтото место со шест освоени бода. Две победи и четири порази.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.