24фудбал

Ден за ждрепка во европските купови

Денеска во Нион ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналните и полуфиналните двобои во сите три европски купови.

Лига на Шампиони

Во 12 часот е ждрепката за Лигата на шампионите, екипите кои се пласираат во четвртфиналето се: Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, ПСЖ и Реал Мадрид.

Еден час подоцна е ждрепката за Лига Европа, екипите кои ќе бидат влечени се: Аталанта, Рома, Леверкузен, Ливерпул, Бенфика, Милан, Марсеј и Вест Хем.

Последна ќе биде ждрепката за Конференциската лига која почнува од 14 часот, екипи кои останаа во ова натпреварување се: Викторија Плзен, Астон Вила, Клуб Бриж, Фенербахче, ПАОК, Лил, Фиорентина и Олимпијакос.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.